Пендаровски кај 9 годишниот битолчанец кој ја доби највисоката награда на фестивалот во Долнени

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Сечиј успех мора да се почитува и да се истакне. Но, кога само со наполнети 9 години некој поседува огромен талент, во тој случај неопходно е тој дар и соодветно да се вреднува“, потенцираше претседателот Пендаровски слушајќи ја изведбата на гајда на младиот битолчанец Теодор Грујоски.

Теодор на годинешниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски”, во конкуренција од над 50 натпреварувачи на различна возраст, ја доби највисоката награда, гајдата на Пеце Атанасовски.

Љубовта кон музиката, како што вели тој, ја наследил од неговиот дедо, а потоа и од татко му. Посетува нижо музичко училиште, а покрај на гајда Теодор свири и на пијано, кавал, тамбура и на хармоника.

Оваа посета беше дел од реализацијата на проектот „Лице в лице со претседателот“.

Воодушевен сум од позитивната енергија и од аурата коишто зрачат од 9 годишниот Теодор Грујоски.

Првиот допир со гајдата Теодор го имал само на 4 години. Слушајќи го својот дедо и татко му, на малиот Тео, како што вели самиот, гајдата му прираснала за срце. Ако ја негува љубовта кон музиката како во изминатите 5 години, сигурен сум дека за него освен во Битола и ширум земјава, ќе чуе и остатокот од светот. #Лицевлице

Gepostet von Stevo Pendarovski am Freitag, 18. September 2020

Share.