Пендаровски на средба со новинарите од Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По неколку месечен прекин поради пандемијата на КОВИД19, од вчера попладне во Битола, продолжи реализацијата на проектот „Лице в лице со претседателот“.

Во рамки на посетата на општината, претседателот Стево Пендаровски се сретна со истакнати поединци и со претставници на правни субјекти, коишто со својот талент и преку имплементација на своите идеи придонесуваат за развој на Битола, но и на општеството во целина.

Неодминлив дел од „Лице в лице со Претседателот“ и во Битола беше средбата со претставници на регионалните и локалните медиуми и со новинарите – дописници за националните медиуми. Разговарајќи за актуелните предизвици со коишто се соочуваат, новинарите ги истакнаа финансиските проблеми, како и намалувањето на дописничката мрежа. На средбата претседателот Пендаровски изрази поддршка за медиумите и истакна дека е потребно да се подигне јавната свест за значењето на регионалните и локалните медиуми, со оглед на нивната улога и придонес за медиумската писменост, навремено и професионално информирање за средината од која доаѓаат, стои во соопштението од кабинетот на Претседателот.

 

Share.