Пендаровски смета дека засега нема потреба од вонредна состојба

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот Стево Пендаровски, запрашан зошто повторно не се прогласи вонредна состојба, објасни зошто во моментот не е потребно такво нешто, односно зошто според него вонредна состојба во моментот, како што рече, не врши работа.

„Претходно прогласивме вонредна состојба, но сега тоа не е потребно бидејќи сеga имаме функционално Собрание. Претходно тоа се направи за да може Владата, наместо Собрането, да носи закони. Не ни е потребна вонредна состојба за да прогласиме полициски час, едното со другото не е поврзано“истакна Пендаровски.

Тој додаде дека и без вонредна состојба, армијата е ангажирана во некои земји, а истото можеме да го сториме и ние.

„Армијата е ангажирана во некои земји. Работат дури и епидемиолошки анкети. Доколку е потребно и јас ќе дозволам ангажирање на војниците, односно армијата да биде логистичка потреба“ истакна Пендаровски.

 

Share.