„Пензионерите пеат“ во Битола

0
916

Се среќаваат три пати годишно, а прв домаќин годинава Здружението на пензионери од Битола. 10 културно уметнички друштва настапија на манифестацијата „Пензионерите пеат“. Нивната цел е преку песна и дружба да ја зајакнат меѓусебната соработка и да ги промовираат културните вредности на градот од каде што доаѓаат. Манифестацијата почна во 10 часот со настап на домаќинот, кои што на сцената се претставија со 5 песни.

Пензионерите пеат денеска се одржа по 13 ти пат. Здружението на пензионери во Битола брои 17.360 членови, и е едно од најголемите здруженија во Македонија.

-Оваа манифестација се одржува по 13 ти пат, надвор од организацијата на Сојузот на пензионери , а е на иницијатива на неколку од нас кои што сме претседатели и раководители на овие здружениа . Се одржува три пати во годината , честа ни припадна нам да ја отвориме манифестацијата „Пензионерите пеат“, изјави Томе Илиоски претседател на Здружение на пензионери- Битола

Видовме како беше на сцената. Зад сцената за настап се подготвуваа КУД „Пензионер“ од Прилеп

Ни кажаа дека годинава им е јубилеј 40 години од основањето на друштвото, и потсетија каде се ја имаат промовирана македонската песна и традиција. Настапија со „ Билјана платно белеше“, и на „Пенџер стојам“.

-Ние настапуваме на повеќе фестивали. Секоја година сме дел од Манифестацијата „Пензионерите пеат“. Во 2014 година зедовме учество на Меѓународниот фестивал„ Трето доба“, што се одржува во Љубљана , земаме учеството секогаш на „Илинденски денови“, учествувавме на Републичката ревија, поточно не има секаде таму каде што сме поканети, изјави Паца Ѓореска од Здружение на пензионери „Пензионер“- Прилеп

КУД „Пензионер“ од Прилеп брои околу 30-тина членови во мешовит состав, придружувани од комплетен оркестар. Пензионерите се активен фактор во нашата држава. На прашањето како ги минуваат пензионерски денови, велат дека и во трето доба може активно да се остварува.

Со аплаузи беа поздравени од публиката во Битола. Ќе се сретнат пак во септември во Неготино, и во октомври во Велес.