Периќ: Верувам дека ќе ги сведеме нивните контри на минимум (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Многу ракометари на Еурофарм Пелистер го чекаат своето деби на официјален натпревар. Дуелот во вторник против ГОГ Гудме е нов почеток за екипата на Жељко Бабиќ, а прва можност љубителите на ракометот да ги видат Кушан, Периќ, Мандалиниќ, Танкоски…

Босанскиот интернационалец Јосип Периќ го најави натпреварот со данскиот вицешампион.

„Сигурно дека нè пореметија откажувањата. Но, ние добро тренираме и се подготвуваме како секој ден да започнат натпреварите. Подготвени сме за 27 октомври и натпреварот против Данците. Спремни сме, желни сме за игра и тоа е најважно. Само ги чекаме натпреварите. Тие се млади, играат брз прав скандинавски ракомет. Ние сметаме многу на нашата одбрана. Тоа ни е нашиот адут. Верувам дека ќе ја запреме нивната транзиција и ќе ги сведеме нивните шанси од контра напад на минимум“.

Битолчани во понеделник напладне патуваат за Данска, а натпреварот против ГОГ Гудме ќе го одиграат во вторник во 18:45 часот.

Share.