Петмина загинати во Украина, возило удри во пешаци

0
349

Пет луѓе загинале, а шестмина други биле повредени кога вчера вечер возило удрило во пешаци во украинскиот град Харков, соопшти украинското минситерство за внатрешни работи. Во соопштението се додава дека возачот на автомобилот бил приведен и оти се испитува за кршење на сообраќајните прописи. Новинската агенција Асошиетед прес јавува дека тоа укажувало оти полицијата не се сомневала дека возачот намерно удрил во пешаците како дел од некаков терористички напад.