Петровска контра Дурловски за културата во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Да се летува во Македонија, на езеро или планина повикува Игор Дурловски во промотивно видео кое е актуелно и кружи на Фејсбук. Спотот започнува од плоштадот Магнолија, од градот од каде потекнува и е носител на листата во Изборната единица 5, каде што припаѓа Битола.

Дурловски деновиве на Фејсбук коментираше за новата јавна установа за култура во Битола Тој  пишува: „Офицерскиот дом во Битола е заштитен како културно наследство и несомнено, истиот треба да се стави во функција на културата.

Сепак, тоа не подразбира дека е неопходно и да се основа нова локална установа која граѓаните ќе ја плаќаат од сопствениот џеб. Напротив, треба да се следат современите трендови и ваквите објекти да се доделат на користење на приватни субјекти во културата.

Киното Манаки, исто така може да има повеќе намени.

На пример, може да му се додели на користење на фестивалот на филмската камера” Брака Манаки”, на националната кинотека која во соработка со општината може да развива најразлични форми на презентација на нашето аудиовизуелно наследство…“

„Се некако ми доаѓа да речам, сон ќе да е – поетично им звучело или не, баш ми е гајле“. Вака на Фејсбук реагираше градоначалничката Наташа Петровска на објавата на Дурловски . Таа пишува:

„Да се бориш за гласови во Битола како кандидат за пратеник и да даваш предлози Киното Манаки да се даде на институции со седиште во Скопје, просто не е за верување. И притоа да убедувате, онака низ спотче, Битола е мојата љубов. Вака да им кажам, јас не ставам во функција објекти во Битола за да поддржам централизација. Длабоко верувам дека децентрализацијата е основата за локален развој. Сами домаќини на своето. И да, има способни битолчани кои тоа ќе го менаџираат, доста беше жители од други општини домаќини во нашето. Патем, примете топли поздрави, сепак ќе бидете поканети на отварањата, за да со свои очи видите дека не било безидејно непродавањето на Офицерски. Можеби некој ќе не почести и со изведба на ,,Гранада,, која лично мојот чичко ја пееше со воениот оркестар на ЈНАтокму во Офицерскиот Дом“ , реагира Петровска .

Share.