Петровска: Очекувам сите советници да работат во интерес на граѓаните

0
738

„Не би сакала да коментирам како ќе се однесуваат во иднина и која е причината што денеска не се присутни, тие најдобро си знаат и најдобро можат да одговорат. Сакам да бидам убедена дека сите советници кои се избрани од граѓаните, ќе се залагаат и ќе работат во интерес на граѓаните“ рече Наташа Петровска новоизбраната графоначалничка на Битола на прашањето околу денешното непристсувтво на опозицијата.

„Граѓаните со право го очекуваат нашето одговорно работење и затоа на сите избрани членови на општинскиот Совет им посакувам успешна работа и соработка. Во мојот мандат општината ќе биде транспарентна и отворена за сите“ рече Петровска.

„ Локалните избори за градоначалник и членови на Советот на општина Битола се завршени. Роковите за поднесување приговор исто така се завршени, а воедно немаше нити еден приговор на изборниот резултат. Општинската изборна комисија-Битола констатира дека објавените резултати се конечни и затоа организиравме свеченост на која ги врачивме уверенијата на избраниот градоначалник и избраните членови на Советот на општина Битола, истакна Зоран Насев“ претседател на ОИК – Битола на денешната свеченост.

Освен новоизбраната градоначалничка на Битола, на свеченоста присуствуваа и 17-те советници од СДСМ и Коалицијата, двајца советника од независната листа „Поинаку“ и еден советник од коалицијата на ДУИ, БЕСА и Алијанса за Албанците. Единаесетте советници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата не присуствуваа.