Петровска: Рѓосаните цевки се менуваат со нови полиетиленски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
Градоначалничката на Битола Наташа Петровска соопшти дека на ул „Димитар Илиевски-Мурато“ се менуваат старите цевки од 1960 година со нови полиетиленски.
„Осум прекопи на првиот дел од ул„ Димитар Илиевски- Мурато“ (поранешна Борис Кидрич). 120 метри заменети рѓосани цевки, стари од 1960 година, со нови полиетиленски. Следува целосно санирање на коловоз и ново осветлување, како и продолжеток на вториот дел до Широк Сокак. Честитки до ЈП Водовод за брзото, експедитивно работење“ напиша Петровска за интервенцијата на „Водовод“
Share.