Питу Гули доби асфалт

0
1772

Вака изгледаше улицата Питу Гули во месец февруари, кога тамошните жители не повикаа за да го кажат проблемот пред камерата на Тера, за да слушнат и надлежните, дека под итно им треба асфалт, бидејќи улицата беше ископана и со кал.

Од вчера иститите тие на социјалните мрежи се пофалија дека улицата е асфалтирана.

Улицата води до битолски Широк сокак. Општината уште во месец декември минатата година склучи договор со фирма изведувач, за да ја асфалтира, но поради временските услови асфалтирањето беше одложено. Се започна во октомври со менување на каналицациона и водоводна мрежа. Потоа во февруари се стави чакал и песок, за денеска после 8 месеци биде комплетно асфалтирана.

Улицата е долга околу 300 до 400 метри и на истата се наоѓа и градинка.