Пивофест во Прилеп

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Прилеп од синоќа до недела се одржува 15. јубилеен „Пивофест“.

Од локалната самоуправа објаснуваат дека хотелските капацитети во Прилеп веќе се преполни, исто и приватното сместување.

Фестивалот официјално беше синоќа отворен со македонската група „Ај Кју“, потоа настапија „Психомодо Поп“ и Амадеус бенд. Вечерва беа „Дон Минотт&Conquering Lion“, „Нокаут“ и Ален Исламовиќ. В сабота публиката ќе ја забавуваат Елена Велеска, Анабела и Харис Џиновиќ. На последната вечер од фестивалот, в недела, ќе настапат Тајфата со Димитар Андоноски, Џамбо Агушев и ѕвездата на годинашниов фестивал – Северина.

Share.