“Pluto`s Doubts” годинава на Битола отворен град

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Настапија на една од вечерите на годинашниот „Битола отворен град“ фестивал кој веќе 19 години по ред го организира Младинскиот културен центар од Битола.

Рекоа дека го изменилее малку настапот и ќе отсвират неколку нови песни. На Хераклеја вечерта ја имаа и поддршката од нивата другарка Ива со песна на англиски јазик. Така да ќе биде интересно, спој од стари и нови песни, рекоа од групата.

Пробуваме да го прилагодиме аранжманот звучно и аранжмански колку можеме според различните места на кои свириме. Не е исто да се свири на антички театар и на стадион. Секогаш пробуваме да вметнеме по нешто ново, некоја измена, и се надеваме дека публиката вечерва ќе ужива во тоа што го спремивме, велат од бендот.

Најавиja  учевство на меѓународната музичка конференција “Мондо – ЊуЈорк“. Рекоа дека се пријавивме за таа конференција и како што велат за чудо ги примиле.

„Многу сме среќни, но за жал поради корона кризата нема да патуваме таму, туку ќе снимаме некој live-stream кој ќе го пратиме таму. Сакаме да се промовираме како бенд, но и да покажеме што има тука во нашава земја“.

Share.