По повод светскиот ден на детето работилница во Горната гимназија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Утре е Светскиот ден на детето тој официјално е прогласен на 20 ноември 1954 година на Генералното собрание на Обединетите нации, а пет години подоцна е усвоена и Декларацијата за правата на децата. Овој ден се одбележува со цел да се насочи вниманието на јавноста на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и на најважните проблеми со кои децата се соочуваат.

По тој повод СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“  – Битола под мотото „Средношколците во служба на основците , затоа што заедно сме посилни“, ќе организира работилница за врсничкото насилство. Во истата ќе учествуваат неколку ученици како и психологот во гимназијата Лидија Споа. Организатори на работилницата се  Општинскиот совет за превенција од детско престапништво на Општина Битола и СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Битола.

На 20 ноември 1989 година Генералното собрание на ОН ја усвоило Конвенцијата за правата на децата, првиот меѓународен документ од областа на човековите права кој посебно се занимава со децата. Конвенцијата ја ратификувале 193 држави, а нејзините основни принципи се правото на живот, опстанок и развој, најдобриот интерес на детето, правото на партиципација, како и правото на недискриминација.

Сите деца ги имаат правата од оваа Конвенција, без оглед на тоа кои се, каде живеат, што работат нивните родители, дали се сиромашни или богати, кој јазик го зборуваат, на која религија или култура припаѓаат, дали имаат некоја попреченост или инвалидитет.

Сепак, покрај одредбите на Конвенцијата и напредокот кој е постигнат, статистиката покажува дека децата и понатаму се соочуваат со големи предизвици. Покрај сиромаштвото голем проблем на децата е и невакцинацијата, но и неадекватната исхрана, како и недоволната социјализација и образование кои се многу важни за развојот на детето.

Последните години многу повеќе е зачестено и врсничкото насилство и тоа најчесто помеѓу децата во основните, но и средните училишта.

Share.