По сестринска линија, дојдоа и донираа во Битола

0
4262

Сестринската партија на СДСМ од Битола , Социјал демократерна партија од општината Упландс-Бро од Шведска, денеска во Клиничката болница од Битола донираа постелнини и крпи. Беа пречакани од нивниот домаќин , и ја врачија донацијата на ургентното одделение во Клиничката Болница.

-Среќен сум да присуствувам на ова симболична донација со цел колку што може малку да се подобри здравствениот систем. Донацијата е од наши членови во Шведска која што првично беше наменета за да се донира во камп, но поради тоа што знаеме од нашите пријатели каква е состојбата во здравсвтото во Битола, ја пренаменивме за тука, изјави Бенгт Јохансон од Упландс- Бро од Шведска.

-Посебно ми е драго што сме денес тука на оваа симболична донација од сестринската партија Социјал демократската партија во Шведска со која во изминатите години имавме исклучителна соработка. Се радувам на ова затоа што ако се покаже дека градите пријателски односи со било кого секогаш ќе имате можност да имате подадена рака плус. Тоа е начинот на кој што треба да функционираме и да го шириме пријателството и да се отворат перспективите и за нас како граѓани и воопшто како жители на планетата земја, изјави Наташа Петровска, кандидат за градоначалник.

Петровска нагласи дека соработката со Социјал демократите од Шведска ќе продлжи и во иднина