Победа на Петровска и мнозинство во советот

0
3364

-Во нашиот аналитички центар пристигнаа скоро половина од обработените гласови на ниво на Општина Битола. Многу е јасно дека нашиот кандидат за градоначалник победува во прв круг на овие локални избори, нашата советничка група обезбедува сигурно и стабилно мнозинство во советот на Општина Битола. Победивме во Јени Маале, Боримечка, во центарот на градот, во Нова Битола, во скоро сите рурални средини околу градот Битола.

Нашиот кандидат Наташа Петровска од она што го иамме ние како материјал обработено во нашиот аналитички центар освојува досега 18.300 гласови, противничкиот кандидидат од ВМРО ДПМНЕ, Зоран Илиоски, 9900. Нашата советничка листа од досега обработените гласови освоила 14.800 додека советничката листа на ВМРО ДПМНЕ, 9300. Од бројките кои се досега обработени се е јасно,изјави Методија Тасевски на прес-конференцијата во СДСМ Битола.