Почина бившиот грчки премиер Константинос Мицотакис

0
570

Поранешниот грчки премиер Константинос Мицотакис почина на возраст од 99, јави Асошиетед прес.

Неговото семејство објави кратко соопштение за смртта на поранешниот премиер, велејќи дека тој починал на 1 часот по полноќ во понеделникот наутро, „опкружен со оние што ги сакаше и што го сакаа“.

Мицотакис беше активен во политиката речиси 60 години, служејќи во неколку позиции во кабинетот, меѓу кои и министер за финансии и министер за надворешни работи пред да се пензионира како пратеник во 2004 година.

Тој ја предводеше конзервативната партија во Грција, Неа демократиа, 1984-1993 и беше премиер од 1990 до 1993.