Почина француската новинарка ранета во Мосул

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Новинарката Вероник Роберт, која во понеделникот беше тешко ранета во експлозија од нагазна мина во Мосул, каде што работела на репортажа, почина денеска во Париз, соопшти медиумската телевизија „Франс телевизион“.

По неколку операции во Багдад, новинарката беше пренесена во воена болница во Париз, каде што почина.

Во истата експлозија загинаа и францускиот новинар Стефан Вилнев и Ирачанецот Бахтијар Адад.

Вероник Роберт (54) беше позната француска новинарка. Снимаше репортажи за популарната емисија „Envoye special“ (Специјален известувач).

 

https://makfax.com.mk

Share.