Почина хрватскиот пејач Крунослав Киќо Слабинац

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Хрватскиот пејач и гитарист, Крунослав Киќо Слабинац почина на 77 години по долго и тешко боледување.

Изминатите месеци, како што јавуваат хрватските медиуми, тој неколку пати бил опериран. Иако операциите поминале успешно, заздравувањето не се одвивало според очекувањата.

Неговата кариера е долга 40 година. Тој ја доби наградата за животно дело од Осјечко-баранската жупанија.

Неодамна прослави 50 годишна соло кариера. Во 1971 година беше претставник на Југославија на Евровизија со песната “Твој дјечак је тужан”. Особено е познат по големиот југословенски хит “Због једне дивне црне жене”. Македонската публика се сеќава на неговите македонски песни “Летај ми гулабе” и “Не враќај се, не буди ме”.

Share.