Почина легендарниот фудбалски голман Томе Димитровски – Тарзанот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ноќва во 70-тата година од животот почина еден од најголемите голмани во историјата на ФК Пелистер и македонскиот фудбал – Томе Димитровски – Тарзанот. Еден од најкултните голмани, капитени и тренери на битолскиот клуб скоро цела своја кариера ја помина во дресот на битолскиот клуб, со исклучок на една сезона во која бранеше за Раднички Ниш.

Димитровски дебитираше во 1968 година за битолскиот клуб, а бранеше скоро до 40-годишна возраст. Потоа започна тренерска кариера, во неколку наврати го водеше првиот тим на ФК Пелистер, а работеше и во клупската академија.

Во последните неколку години не беше активен во фудбалскиот спорт.

Димитровски беше хоспитализиран на инфективната клиника во Битола, каде почина, а денеска ќе биде погребан на Буковските гробишта.

Натпреварот од десеттото коло на ПМФЛ меѓу Пелистер и Струга Трим Љум ќе започне со едноминутно молчење.

Share.