Почина претседателот на РК Преспа од коронавирус

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Тажна вест вечерва пристигна од ракометниот клуб РК Преспа од Ресен

По долгата борба со коронавирусот, почина претседателот на РК Преспа, Илче Котевски.

„Почивај во мир претседателе. За жал ракометниот клуб Преспа загуби член од семејството, човек кој придонесе премногу за овој ракометен клуб. Секогаш ќе живееш во нашите срца“, соопштуваат од РК Преспа.

Котевски ќе остане запаметен како голем спортист, кој ќе остави траги во историјата на спортот во Македонија.

Share.