Почна музичкиот фестивал „Егзит” во Нови Сад

0
637

Музичкиот фестивал „Егзит” во Нови Сад беше отворен  со настапот на познатата рок група „Д Килерс”.

Овогодишниот „Егзит” ќе трае пет дена. Посетители на фестивалот се веќе пристигнати, а годинава се забележува и пораст на бројот на гости од странство. Најбројни се оние од Велика Британија и Холандија.

Традиционално голем број туристи доаѓаат од државите на поранешна Југославија, како и од Унгарија, Грција, Турција, Романија и Бугарија.

Собите во новосадските хотели се резервирани, а за оние кои не успеале во тоа е обезбеден фестивалскиот камп на брегот на Дунав.

Фестивалот годинава одбележува 50 години од прочуеното Лето на љубовта, што се смета за почеток на легендарното хипи движење.

Од Нови Сад за Тера се јавува Агим Џело.