Подготвен за соработка со белгиското правосудство

0
317

Разрешениот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пучдемон вечерва изјави дека е подготвен да соработува со белгиските правосудни власти, кои, според него, за разлика од шпанските, не се политизирани.

– Нема да бегам од правдата. Ќе отидам пред судските власти, но вистинските судски власти. Му реков на мојот адвокат да ги извести белгиските правосудните власти дека сум целосно подготвен да соработувам со нив, изјави Пучдемон.

Шпанскиот Врховен суд вечерва соопшти дека издал европски налог за апсење на Пучдемон, како и за четворица членови на неговиот разрешен Кабинет.