Погребна церемонија на српскиот патријарх Иринеј

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во храмот Свети Сава во Белград започна погребната церемонија на која му се оддава последен поздрав на српскиот патријарх Иринеј, кој пред два дена почина како последица од ковид-19.

Телото на патријархот Иринеј е покриено со стакло. Присутни се сите владиците на СПЦ и свештеници, како и претставници на други верски заедници, а најавен е говор и на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Со корона вирусот се бореше две недели. На први ноември тој ги предводеше погребот и литургијата на Црногорскиот митрополит Амфилохије кој исто така почина од последици од Ковид-19.

Share.