Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат протоколите за заштита од Ковид 19

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Согласно препораките и протоколот за одржување и одбележување на државни празници што го усвои Владата, а по повод одбележувањето на престојниот државен празник 2 Август-Илинден, СВР Битола информира дека поради пандемијата со Ковид-19, годинешните свечености се сведени на минимум, без поголеми собирања на граѓани на отворено.

„Затоа апелираме да ги почитувате сите препораки од надлежните служби, да го почитувате протоколот за превоз на патници изготвен од Комисијата за заразни болести, а се однесува на максимум 3 лица во патничко возило, односно 50% од капацитетот на автобусот или минибусот, како и избегнување на поголеми групирања и задолжително носење на заштитни маски за сите гости, посетители, учесници, тимови, членови на здруженија и организации. Ви благодасриме на разбирањето и Ви го честитаме престојниот државен празник Илинден.“ стои во апелот на полицијата до граѓаните.

Share.