Полицијата поднесе кривична пријава за поранешен секретар на Црвениот крст во Битола

0
1064

Секторот за внатрешни работи Битола  поднесе кривична пријава против Ф.С.(66) од Битола, поранешен ВД Секретар на Оштинска организација на Црвен крст-Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 в.в член 45 од Кривичен Законик на РМ. Пријавената од 01.05.2014 до 12.10.2016 година во својство на Вршител на должноста Секретар на Општинска организација на Црвен крст-Битола, не ја исплатила сумата по извршно решение, со што направила имотна штета од 49.673 денари. Пријавената подигнала и готовински парични средства од благајната на Општинска организација на Црвен крст-Битола, со што за себе прибавила материјална имотна корист од 21.993 денари. Во истиот период без одлука на извршниот одбор на Општинска организација на Црвен крст-Битола од сметка во Охридска банка АД Скопје (наменска сметка за хуманитарна помош, на која се собирале парични средства за настраданите од поплавите во Р.Србија), ненаменски потрошила пари за плаќање на фактури, сметки, камати, материјални трошоци за потребите на Оштинска организација на Црвен крст  Битола во вкупен износ од 302.396 денари. Вкупната материјална штета којашто пријавената и ја нанела на Општинска организација на Црвен крст-Битола изнесува 374.062 денари, соопшти МВР.