Попладнево три земјотреси кај Ресен

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 28.6.2017 год., регистрира земјотрес чии епицентaр се наоѓа во охридското епицентрално подрачјена 10km североисточно од Охрид.
Според досегашните податоци, земјотресот кој беше во 13 часот и 29 минути е со Рихтерова локална магнитуда 2.5 и беше почувствуван во Охрид и Ресен со интензитет од III степени според Европската Макросеизмичка Скала.

По околу два часа нови два земјотреса чии епицентри се на 10km североисточно од Охрид и потекнуваат од охридското епицентрално подрачје.

Двата земјотреса кои се случија во 15 часот и 36 минути и 15 часот и 45 минута беа со Рихтерова локална магнитуда 2.6 односно 2.3 и беа почувствуван во Охрид и Ресен интензитет од IIII степени според Европската Макросеизмичка Скала.

Share.