Поплави во Порој

0
1112

Невремето кое попладнево го погоди тетовскиот регион, најголеми проблеми и штети предизвика во селото Порој. Наноси од камења и кал го блокира селото. По улиците течеше вистинска река од наноси на земја и камења. Од 17 часот сообраќајот по регионалниот пат Тетово – Јажинце е во прекин кај селото Порој поради обилни врнежи од дожд и излевање на Поројска река. Сообраќајот се пренасочува, соопшти АМСМ.