Вонредна состојба е прогласена ја југот на соседна Србија поради обилните врнежи од дожд во претходните два дена, кои предизвикаа излевање на реките на териториите Лесковац и Власотинце, при што поплавени се домови, подруми, но и земјоделски земјишта.
На целата територија на градот Лесковац голем проблем е излевањето на канализацијата, особено во селата Доње Синковце, Винарце, Прибој, Залужње и Печењевце, каде што се поплавени и патиштата.
Албанската војска ги снабдува со храна и вода домаќинствата во северозападниот дел на Албанија, кои се изолирани поради поплавите предизвикани од поројните дождови.
Засега нема информации за човечки жртви и угинување на стока, соопштија албанските власти.
Најмалку 36 семејства се евакуирани од областите Леж и Драч, како и домови на уште околу 20 граѓани за кои е утврдено дека веќе не се „употребливи“ по оштетувањата во поплавите.
Властите тврдат дека се поплавени 7.450 хектари земјиште во Скадар, Леж и Драч, некои мостови во руралните области се уништени, а некои патишта се времено блокирани поради лизгање на земјиштето.
фото: blic.rs