Поради малку пари да не се укинува социјалната помош

0
1276

На сиромашните да не им се укинува социјалната помош поради ситни пари кои ги заработиле Ваква иницијатива пред една година покрена здружението на граѓани „Глобал“ од Битола ,сега ги презентираа резултатите од направеното истражување. Анализата покажала дека во Р.М постојано се намалува бројката на невработени лица но се зголемува бројката на социјално исклучени лица кои ем се невработени ем остануват без право на социјална помош. Прашањето на проблемот е зошто тие корисници и покрај тоа што ги исполнуваат критериумите за социјална правна помош, тие не ја добиваат и остануваат на улица

-Да се укинат казнените одредби од законот со кои тие го губат правото на социјална парична помош во период од 6 до 12 месеци регулиранио со закон за социјална заштита. Според сознанијата кои ги добивме од Центарот за социјални работи, скоро половина од корисниците го губат правото по неколку основи, изјави Томе Крстевски, здружение Глобал Битола

Целта на иницијативата како што велат од Глобал е да се подигне свеста кај јавноста и промени перцепцијата кај целната група за да можат да влијааат врз оние кои одлучуваат.

Тие промовираа Полиси бриф докумен којкако што рекоа е направен за да даде една вредносна критика на проблемот и да обезбеди сеопфатна и уверлива аргументација со која ке се образложат причините и препораките изнесени во документот како средство за понатамошно одлучување и влијание врз целните групи .

И Македонската платформа против сиромаштија има иницијатива за донесување нов закон за социјална заштита. Тие сметаат дека е неопходно воведување на адекватен минимален приход кој би ја заменил досегашната социјална помош и би се однесувал како сигурносна мрежа за сите лица кои не може да остварат приходи барем до висина на линијата на сиромаштија. Оваа промена би гарантирала вклучување на луѓето, наместо нивно казнување, рече Билјана Дуковска, Претседателка.Работилницата се реализира со поддршка на Фондацијата отворено општество Македонија и УСАИД.