Поранешните функционери не се чувствуваат виновни за „шамарите во Центар“

0
575

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, екс министерот Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова не се чувствуваат виновни за кривичните дела за кои се товарот во случајот „шамари во Центар“.

Груевски кратко изјави дека не се чувствува виновен, а Јанакиески изјави „Ниту сум сторил нешто, ниту се чувствувам виновен“. И Рангелова не се чувствува виновна, додека претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаров призна вина.

„Да, се чувствувам виновен од оваа временска дистанца и се каам за истото“. рече Лазаров.

Во судот конечно почна главната расправа за случајот „шамари во Центар“. Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи го прочита обвинението.

Иако одбраната на обвинетите бараше одложување на расправата, судијката Татјана Михајлова не ги прифати предлозите и ја почна главната расправа за предметот.

За случајот обвинети се вкупно 15 лица, а Груевски се товари за поттикнување на насилството при протестите пред општина Центар во 2013 година.