Постигнат договор за финансирање на „Турски тек“

0
473

Турција постигна договор со „Гаспром“ за финансирање на „Турски тек“ на своја територија.

Ова го изјави генералниот директор на турската државна компанија Вotas Бурхан Озџан во Истанбул на маргините на 22 Светски нафтен конгрес.

„Веќе се договоривме со нив за ова прашање. Сепак не можам да ви ги откријам бројките – во колкав процентен однос ќе го правиме тоа“, изјави Озџан, пренесува RT.

Тој истакна дека „процесот за добивање дозвола за вториот крак на „Турски тек“ продолжува во позитивна насока, во него нема никакви подводни камења“.

Според него, гасоводот ќе излегува на површина во Тракија, во европскиот дел на земјата.

Претходно министерот за енергетика на Турција Берат Албајрак изјави дека „Турски тек“ ќе одигра клучна улога во снабдувањето на земјата со гас и диверзификација на гасните маршрути во Европа.