Потпретседателот на САД му се јави на Заев

0
606

Потпретседателот на САД Мајк Пенс му се јави да му честита на македонскиот премиер Зоран Заев за изборот на премиерската функција во име на претседателот Доналд Трамп, соопшти Белата куќа.

„Во име на претседателот Трамп, потпретседателот му честиташе на преземањето на премиерската функција на 31 мај. Потпретседателот ја нагласи непрекината американска поддршка за евроатлантските интеграции на Македонија и го охрабри Заев да ги направи приоритет реформите со кои што Македонија ќе напредува на нејзиниот избран пат”, се вели во транскриптот на телефонскиот разговор.

Пенс, исто така, кажал дека едвај чека да се сретне со Заев и лидерите од Западен Балкан на самитот на Јадранската повелба што ќе се одржи на 2 август во Подгорица, Црна Гора.