Повеќе стотици илјади луѓе присуствуваа на Парадата на гордоста во Мадрид

0
671

Неколку стотици илјади луѓе се собраа во сабота во Мадрид на светската Парада на гордоста, што беше одржана под силни мерки за безбедност.

Организаторите повикаа на почитување на правата на ЛГБТ популацијата ширум светот, додека низ Мадрид поминаа над 50 подвижни платформи.

Со  парада се одбележува крајот на десетдневниот фестивал, кој официјално завршува денес.

Шпанската полиција ги засили безбедносните мерки по нападите и терористичките закани во другите европски градови

makfax.com.mk