Повторно одложено судењето за „Транспортер“

0
1061

Судскиот процес „Транспортер” во кој е обвинет поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески за злоупотребени 360.000 евра за превоз на ученици од општината, денеска повторно се одложи, откако поради боледување не беше присутна една од обвинетите. Поради тоа СЈО побара однапред да се закажат неколку рочишта и да се избегне понатамошно одложување.

Еден од обвинетите во случајот „Транспортер“, побара одложување на следното рочиште, кое судијката го закажа за 13 декември затоа што имал турнеја во Австралија.