Позади Фејзбук квизовите се кријат хакери

0
450

Колку пати на Фејсбук сте наишле на интересен и забавен квиз кој го решил некој од вашите пријатели, па и вие би сакале да го направите истото за да дознаете која е вашата сродна душа или што сте биле во минатиот живот.

Колку и да е забавно на прв поглед, позади невиниот квиз може да се кријат и не толку невини хакери.Имено, неодамна е откриено дека група на хакери ги користат токму овие квизови на Фејсбук за да украдат лични податоци на корисникот.
Повеќето од заразените квизови служат за хакерите да украдат податоци и потоа да ги продадат. Но, помал дел од нив е заразен со малвер кој би можел да направи поголема штета.

Експертите предупредуваат дека преку квизовите корисниците даваат информации кои после можат да се искористат против нив и може да бидат наведени да кликнат на заразен линк.

Линковите треба да се отвораат во посебен прозорец, а не во оној на кој сте логирани на Фејсбук. И на крај, размислете дали треба да кликнете баш на секој квиз кој ќе ви се појави на Фејсбук. Добро би било нешто да прескокнете.