Пратениците ги избира на аудиција

0
606

Францускиот претседател Емануел Макрон, чија партија е победник на првиот круг на парламентарните избори, изборот на кандидати за собрание ќе ги избира на аудиција.

Според виенскиот весник Хојт, Макрон, на кого, според анкетите, му се предвидува апсолутно мнозинство во парламентот по вториот круг на избори, закажан на 18 јуни, на своите кандидати за собранието им рекол: „Вие сте олицетворение на она што досега сме го немале во оваа земја.“

Неговите соработници, имено, организирале еден вид аудиција за членовите, на која се пријавиле околу 19.000 мажи и жени – во просек по 34 кандидати по изборна единица. Специјална партиска комисија спровела 1.700 разговори и избрала повеќе од 520 кандидати, а се воделе по принципот – кој ќе успее да ја убеди комисијата, може да ги придобие и гласачите.

Околу половина од кандидатите немаат искуство во политиката, а околу половина се жени.

Макрон на тој начин не може да добие ако игра на популарноста на своите кандидати, бидејќи, иако на неговата листа ќе има и некои познати лица – како тореадорката Мари Сара од југот на Франција, поголем дел идни пратеници се целосно непознати.

Од друга страна, во прилог им оди фактот дека главно имаат длабоки корени во своите изборни единици и дека се во средина на работната кариера па имаат добри изгледи да ги победат етаблираните професионални политичари, кои се омразени меѓу повеќето Французи.

Исто така, повеќето од нив во средината на мај во Париз имаа забрзан курс во тактиката на изборната кампања, каде што научија како да ги привлечат гласачите, да организираат кампања и да ги заобиколат локалните новинари.

Актуелната претседателка на Макроновото движење Кетрин Барбара објаснува дека секое утро кандидатите за пратеници во својот инбокс наоѓаат „мал потсетник“, што содржи предлог теми за кои гласачите се заинтересирани, или ги потсетува на задолжителни состаноци.

www.mkd.mk