Правото и адвокатурата во светот – Интервју со Сами Акл

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во денешното Актуел интервју на Тера ТВ.  разговаравме со Сами Акл познат адвокат и член на Светската унија на адвокатите кој доаѓа од Либан.

Како што знаете, ние сме во период кога тешко се остварува правото.
Што значи денес да се биде адвокат?

– Видете, студентите, пред да дипломираат, мора да размислат. Можеби пет-шест години пред да дипломираат,мора да размислат каква ќе биде нивната иднина. Ова е општо кажано.Зависно од директивите од Владата, во јавните или приватните институции, се донесува одлука да се студира, и од тоа какви се способностите и намерите на студентите. За да се стане адвокат, после дипломирањетона Филозофија, во мојата земја, се оди на Правен факултет. Во Либан, студираме четири години.После тоа, кога ќе добиеме адвокатска лиценца, одиме во Адвокатската комора и полагаме правосуден испит. Не сите студенти ќе бидат прифатени.
Сега, тоа е проблем, зашто само во Бејрут имаме 12 000 адвокати. Затоа, Адвокатската комора станува малку построга. Тоа е проблем за студентите кои студирале право. Тие одлучиле да имаат своја иднина, но биле запрени од Адвокатската комора. Не само заради бројноста,туку и заради способностите.Зашто, школите не се како во минатото. Кога се добиваше диплома за степен на високо образование.Сега, да се стане адвокат, не е лесно. Обично, повеќето адвокатски фирми не го плаќаат стажирантот. Јас можам да кажам дека во нашата фирма, и во многу други, го плаќаме стажирантот. Зашто, за да му помогнеме нему, или нејзе, да се подготви за иднината.Адвокатската пракса е многу убава професија. Не како некои други. Имаме работа со судови,со судии. А тоа не е секогаш многу убаво. Ќе ви кажам зошто. Можам да ви кажувам за мојата земја. Либан е мала
земја. Во Правосудството имаме околу 600-700 судии. Тоа не е доволно. Имаме многу предмети. Ако одите во суд, ќе видите многу предмети пред судиите. За жал, судиите имаат рочишта двапати неделно. Најголем дел од нив.
Во останатите денови, тие се дома. Не знам дали ги проучуваат предметите,или го трошат времето. Зошто? Зашто гледаме како предметите се одолговлекуваат од година во година. Имаме некои предмети од пред 25-30 години.Уште не се завршени. Особено за недвижните имоти. Обично, некои, или многуминам од судиите, сакаат да имаат пари на крајот на месецот.Такво е чувството на адвокатите. Исто и на странките.

Што мислите за тезата дека каде што има сила, нема правда?

– Јас би претпочитал да не зборувам за тоа. Но, можам да ви кажам дека политичарите, за жал, вршат притисок врз некои судии. Како јавните обвинители. Но обично, политиката се меша во работата на судиите.За жал.

Сега кажете ми како медијаторството се користи во западниот свет?

– Медијаторството е нова „претстава“, би можел да кажам. Зашто, обично,судовите потфрлуваат во многу земји. Кога изнесувате случај,како прво, плаќате многу пари. Плаќате за адвокатот,за судските трошоци.Заради таквата ситуација, многу луѓе одат на арбитража. На почетокот, велат дека медијаторството побрзо ќе ја заврши работата, и ќе се фиксира време за медијаторот да ја донесе пресудата. Новсушност, има одложување.Сега медијаторството не ескапо. Не чини премногу.Процедурата за медијаторство ја презентирав утрово на Универзитетот. Документ за медијаторството.Значи, не е скапо, и предметите се завршуваат со спокојство. Не одзема премногу време. А исто и не одзема премногу пари.

Македонија е земја каде постои закон за медијаторство.
Тоа значи, дали претпочитате да се договорите, или претпочитате да ја барате
правдата помеѓу судовите? Што мислите вие за тоа?

– Правда помеѓу судовите? Немс ништо помеѓу. Морате да одберете. Ако одете на медијаторство, и ако чувствувате дека медијаторот е добар, вашиот случај ќе се заврши без никакви одложувања. Но во суд, знаете каков ви е почетокот, но не знаете каков ќе биде крајот. Во некои случаи, има 30-40 години без да се заврши предметот. Јас имам искуство во тоа. За жал. Јас лично,претпочитам да одам пред судија, но е скапо, и како што кажав, има премногу предмети за судот. Медијаторството е многу едноставно. Ако верувате во некоја личност дека е транспарентна, и чесна,можете да и го предадете вашиот случај. Има процедура и за тоа. Медијаторот не се меша помеѓу двете странки. Не смее да им врши притисок.Тоа е прашање на личноста,на пристапот на избраниот судија, медијаторот. Обично, медијаторството сега е повеќе успешно од судот,и од арбитражата.

Дали сте имале случаи во кои биле тужени новинари?

Не. Никогаш.

Дали политичарите тужат новинари?

– Некои од нив, да. Зашто новинарите пишуваат за тие политичари. Новинарите бараат адвокати кои ќе ги бранат пред обвинителите и пред судот.Тоа е прашање на медиумите.
Повеќето од политичарите ги сакаат медиумите, зашто тие
пишуваат за нив.

Share.