Празно на Меџитлија

0
716

Заради штрајкот на грчките цариници денеска граничниот премин Меџитлија беше празен.

Од синоќа од 21:00 часот на граничниот премин Стар Дојран грчката царина почна   со 24 часовен штрајк, при што не се пропуштани патнички и товарни возила, односно се  пропуштани само пешаци.

Од 00:00 часот  грчките царински служби на граничен премин Евзони стапија во генерален штрајк кој ќе трае 24 часа. За време на штрајкот товарниот сообраќај при влез и излез во Грција е во целосен прекин, додека автобускиот и патничкиот сообраќај ќе функционира со повремени прекини (60 минути блокада, 15-тина минути пропуштање).

Утрово од 07:00 часот штрајк и на граничниот премин Ники и ќе трае до 24.00 часот на 01.06.2017 година, а притоа се пропуштаат само патници кои патуваат пешки додека возилата не се пропуштаат во тој период.

Заради утрешниот неработен ден, голем број Македонци одлучија претстојниот викенд да се одмораат на Егејското море, но денеска мораа да чекаат со часови за влез во Грција. Најмногу ги имаше на граничниот премин Богородица откако македонските власти соопштија дека за патнички сообракај кон Грција целосно се затворени Дојрани и Меџитлија.