Пред дербито со Вардар

0
3500

„Она што го ветивме пред 7-8 месеци еве го остваривме. Ветив дека Битола ќе се гордее со Пелистер и еве сите сме горди на успехот кој фудбалерите го остварија. Од тим кој се бори за опстанок во ВМФЛ, Пелистер експресно излезе во Европа и целта ни е таму да се задржиме. Со помош на акционерите Пелистерка, Орка Холдинг, ЗИК Пелагонија и Општина Битола го донесовме пехарот во Битола и верувам дека Пелистер ќе стане европски клуб. Честитки до фудбалерите, стручниот штаб и навивачката група „Чкембари“ кои одработија перфектна сезона. Ги повикувам сите наши навивачи вечерва на Широк сокак да го прославија големиот успех“, истакна  Цветан Панделески претседател на ФК Пелистер пред денешниот натпревар со ФК Вардар во Битола и прославата за освојувањето на Купот на Македонија.

„Сакам да им се заблагодарам на сите структури, акционеритем сопствениците, фудбалерите, стручниот штаб, мојот соработник Ѓорѓи Силјанов – Монгол и на навивачите за остварениот успех и подвигот кој што го направивме. Докажавме дека со малку, може да се направи многу и она што можам да го ветам е дека Пелистер достојно ќе се претстави во Европа и ќе репрезентира градот и Македонија на достоинствен начин“, истакна спортскиот директор на Пелистер, Благоја Кочевски.