Предлогот за разрешување на Зврлевски се уште не е пристигнат

0
435

Предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски се уште не пристигнат до Советот на јавни обвинители, изјави денеска претседателот на Советот Петар Аневски. Тој рече дека Советот на барањето ќе одговори во предвидениот рок од 15 дена, а на новинарско прашање за оценка на работата Зврлевски истакна дека тој перфектно ја извршувал функцијата и оти нема никаква забелешка од неговата работа.

Инаку, Советот на јавни обвинители денеска одржа седница на која се разгледувало писменото барање од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција со кое Советот бил известен за изминување на мандатат на јавните обвинители.

Зврлевски присуствуваше на седницата, но не даде изјава за медиумите.