Предметот Етиката на религиите да стане задолжителен

0
309

Уште многу пречки стојат на патот на избор на предметот Етиката на религиите. Ова денеска го посочија од Асоцијацијата на професори по Етика на почетокот на семинар на Пелистер на тема ,,Христијанското образование во Европа,,. Етиката на религиите е изборен предмет во шесто одделение, но од Асоцијата посочуваат дека доколку е задолжителен придобивките ќе бидат многу поголеми.

На семинатор учестуваат и претставници на Бугарската православна црква со цел да се разменат искуства во оваа област.

,,Кај нас има интерес, но постојат и технички проблеми за да се изведува настава по предметот религија.,, -вели Александра Карамихалева, претседател на Одделот за надворешни врски при Бугарската Православна Црква.

,,Учеството на овој семинар во Македонија за нас е важно за да размениме искуства. И ние се соочуваме со слични проблеми. Тука сакаме да видиме како се работите претставени во учебници и какви се македонските искуства.,,-вели Костадин Нушев, доцент на Богословскиот факултет во Софија.

Семинарот траеше два дена, а посебен акцент беше ставен на улогата на црквата за сочувување на традиционалните вредности во општеството.