Преговори за избирачкиот список

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Зад затворени врати во Клубот на пратеници во 13 часот почна состанокот на работните групи кој продолжува по двонеделна пауза, а со цел имплементација на договорот од Пржино.

На состанокот присуствуваат Никола Поповски и Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Дамјан Манчевски и Цветанка Иванова од СДСМ,
Артан Груби и Муса Џафери од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.

Според неофицијалните информации, денеска на дневен ред се измените на Изборниот законик, прочистување на Избирачкиот список, гласањето на дијаспората, надлежностите на Државната изборна комисија. Како олеснувач за овие теми на разговор се јавува Белгиецот Питер Ван Хојт.

Share.