Преку 30 жртви во шумските пожари во Шпанија и Португалија

0
325

Најмалку 34 лица загинаа во шумските пожари во Португалија и регионот Галиција, во Шпанија, соопштија властите.

Во северниот и централен дел на Португалија во пожарите досега животот го загубија најмалку 31 лице, а преку 50 се повредени. Притоа илјадници жители мораа да бидат евакуирани. Според локалните медиуми, неколку лица и натаму се водат за исчезнати, вклучувајќи и едномесечно бебе.

Властите во Шпанија соопштија дека три лица го загубиле животот во огнената стихија.

Владата во Португалија прогласи вонредна состојба за регионот северно од реката Тахо. Денеска таму беа распоредени преку 6.000 пожарникари.