Преполна сала за Медена земја на отворањето на 34-от фестивал во Будимпешта

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Шесттиот меѓународен фестивал за документарен филм во Будимпешта (БИДФ), на кој се претставени најдобрите документарни филмови од целиот свет, оваа година, вклучувајќи три дела номинирани за Оскар, беше отворен со македонскиот Медена земја. Картите беа распродадени во рекордно време, а организаторите на фестивалот заради големата заинтересираност на публиката, додадоа уште неколку проекции.

Македонскиот кандидат за Оскар воодушеви голем број на истакнати личности од политичкиот, дипломатскиот, културниот и економскиот живот на Унгарија. Присутните ги поздрави македонскиот Амбасадор Горан Стевчевски.

Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Будимпешта Гергели Карaксон, кој ја потенцираше важноста на документарните филмови- Задачата на документарните филмови е да ни ја откријат реалноста, да размислиме за тоа што ние и како можеме да направиме за да го направиме овој свет подобар. Креативната продуцентка, режисер и основач на фестивалот, Агнес Сос, им се обрати на гостите, ги сподели своите размислувања за успехот на фестивалот.

Рита Балог исто така директор на фестивалот за Тера телевизија ја сподели воодушевеноста што токму овој фестивал беше отворен со Медена земја.

– Фантастичен филм кој и покажа на публиката колку документарците се прекрасни. Беше очигледен избор да се претстави Медена земја за отворање на фестивалот, се работи за фантастично дело и значајно за целата филмска индустрија.

Своите впечатоци со нас ги сподели и белгискиот режисер Мано Лансенс, кој Медена земја го гледал на фестивал во Амстердам. -Тоа е еден фантастичен филм, многу емотивен. Она што ми се допадна е начинот на кој е раскажана целата приказна, навидум мала: за жена која сама произведува мед, сама е во селото, но во исто време дава една универзална порака што секој може да ја препознае и да се пронајде во истата. На секој би му препорачал да го гледа филмот.

Најплодниот хрватски документарист и режисер, Горан Девиќ, истакна дека наградите на Медена земја не се нешто за што треба да се изненадуваме ,затоа што квалитетот на кинематографијата на овие простори отсекогаш била на завидно ниво. -Ние сите на балканот сме наследници на една голема светска кинематографија. Јас сметам дека треба уште повеќе да работиме за да бидеме достојни на тоа наследство.

Оваа година на фестивалот на документарни филмови во унгарската престолнина беа прикажани 59 филмови. Фестивалот во Будимпешта е единствениот меѓународен фестивал за документарен филм во унгарската престолнина со конкурентен карактер, за најдобри документарни филмови од целиот свет, без тематски или какви било други ограничувања. Мотото на годинешниот фестивал, кој се одржуваше од 27 јануари до 2 февруари, беше – Успехот е приказна.

Неодамна на 34- тото издание на манифестацијата во Лос Анџелес , во организација на ASC- американската асоцијација на кинематографери, наградата за најдобар документарец, отиде во рацете на кинематограферите на Медена земја-Фејми Даут и Самир Љума.

Наградите се препознавање на работата на целиот тим на Медена земја, режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев, музиката на Фолтин и секако                           главната хероина Атиџе.

Сега останува да ги стегаме палците за оскарите , главната манифестација во светот на филмската уметност, која ќе се одржи на 9 .февруари во Лос Анџелес. Досега имало два македонски филмови со номинација за Оскар – „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 1995 во категоријата најдобар странски филм и краткиот документарец „Дае“ на Столе Попов .

 

 

Share.