Претежно сончево и потопло

0
493

Македонија утрово се разбуди со ниски утрински температури, а во некои градови таа се спушти и до нула степени.

Нула степени утрово се измерени во Дебар и Делчево, а до 1 степен се спушти температурата во Берово.

Утринската во Битола 5 степени, а дневната се очекува да достигне до 18.

Времето во текот на денот претежно сончево и потопло со слаб северен ветер.

И во петок ќе биде суво и уште потопло преку денот.

Ново значително заладување проследено со засилен северен ветер и локален дожд ќе има во сабота.