Претежно сончево време

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Македонија денеска ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време со пораст на дневните температурите.

Попладне во западните, југозападните како и во источни предели ќе биде со услови за развој на нестабилност која што ќе услови слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Минималните температури ќе бидат од 4 до 12 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од 18 до 28 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Слично време ќе има и во вторник, претежно сончево со локална облачност и топло време. Попладне во западните и источните делови времето ќе биде со услови за локални врнежи од дожд. Утринските температури ќе се движат од 6 до 14 степени, а дневните од 20 до 30 степени. Во среда ќе биде претежно сончево и многу топло време со дневни температури кои што ќе го надминат повеќегодишниот просек за овој период од годината, минималните температури ќе се движат од 8 до 16,  а максималните од 22 до 32 степени. Во четврток и петок претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време, а во попладневните часови постојат услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд, но условите за такво нешто барем засега се минимални, но мора да ги споменеме. Максималните дневни температури ќе се движат од 23 до 33 степени, односно од 22 до 32 степени.

Share.