Пристигна опремата за киното Манаки

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, денеска присуствуваше на доставата на кино опремата која е потребна за Киното Манаки да биде ставено во функција. Набавката на оваа опрема е дел од проектот КИНОКУЛТУРА кој се реализира во рамките на програмата Interreg IPA Cross-border Cooperation Programme Greece – the Republic of North Macedonia 2014-2020. Вредноста на опремата изнесува 64 215 евра.

Со овој договор се набавува: проектор, проекционо платно, аудио опрема, лап топ, кабелска инсталација и друга опрема. Во договорот предвидена е испораката на опремата, инсталацијата, обука на персонал кој ќе ракува со неа, како и пост продажна услуга за кино опремата, која е адекватна за проекции во отворен и затворен простор.

За ентериерно уредување на киното Манаки, обезбедени се 7.616.554, 00 денари преку Министерство за култура, за капитални инвестиции до единиците за локална самоуправа за 2019 година.

Иако, поради состојбата со КОРОНА вирусот проектните активности малку се пролонгираа, сепак истите се реализираат и комплетната опрема се набавува, согласно предвидените рокови.
Со Проектот Кинокултура, финансиран од Interreg IPA Cross-border Cooperation Programme Greece – the Republic of North Macedonia 2014-2020, предвидено е ставање во функција на туристички информативен центар, за чие опремување наскоро ќе биде објавена тендерска постапка.

Во исто време, Општина Битола е пред склучување на договор за изработка на студија за валоризација на културно историското наследство во прекуграничната област, а во фаза на евалуација е постапката за изработка на дигитална мапа и 3Д виртуелна презентација и интерактивна веб апликација за истражување на културно – историските споменици во Битола.

Share.