Приведено лице за лажната закана за поставени бомби во поранешната касарна

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 28.06.2020 околу 16.20 часот во СВР Битола,  управител на фирма за превоз на работници, пријавил дека преку социјалната мрежа „Фејсбук“ добил заканувачки пораки од профил на „Фејсбук“  дека на комбињата и автобусите на фирмата имало поставени бомби и дека истите ќе бидат активирани.

Од полициски службеници биле извршени проверки, при што не биле пронајдени експлозивни направи. Во СВР Битола било приведенo 43 годишно лице од ресенско, поради постоење основано сомнение дека е лицето кое ги упатувало споменатите закани, соопшти полицијата.

Share.