Признание за придонес во светот на филмот за режисерот Пиперкоски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во еден мал туристички град, пензионерскиот живот на Никола е со секојдневна рутина. Последните години од неговиот живот ги минува како вдовец. Неговата жена е почината пред 10 години. Се има навикнато да живее како самец. Неговите комшии му се единствени пријатели кои го посетуваат и го проверуваат неговото здравје. Никола е свесен дека нема уште многу време за живеење. Последниот период го минува во тишина, размислувајќи за периодите од неговиот живот, на моментите на радост и тага, на поентата за живеењето, за одлуките кои ги донел, за работите кои ги направил, а и за тие кои не ги направил. Но, еден ден, неговиот спокоен живот, ќе биде нарушен со ненајавеното доаѓање на неговиот единствен внук кој нема дојдено кај Никола повеќе од 10 години. Ова е краток вовед во приказната за филмот „Дедо и внук“ кој на режисерот Илија Пиперкоски му донесе две признанија за извонреден придонес во светот на филмот

„Режисерот Илија Пиперкоски доби две признанија за извонреден придонес во светот на филмот за неговиот најнов филм „Дедо и внук“. Признанијата ги доби на 4-th Dimension Independent Film Festival и на TIFF -Tagore International Film Festival во категоријата за најдобри наративни играни филмови. – Наградата доаѓа во време кога со премиерата на Меѓународниот филмски фестивал „Прифест“ 2020 во Приштина, и официјално започна светската промоција на првиот долгометражен филм на режисерот и сценарист Пиперкоски. По втор пат, наградата за најдобар директор на фотографија – кинематографер ја доби Патру Паунеску, токму за филмот „Дедо и внук“ на европските награди за кинематографија“, соопштија денеска од продукциската куќа „Pandora’s Box“.

На промоцијата во Битола на филмот „Дедо и внук“, режисерот Пиперкоски зборуваше за приказната и пораката на филмот.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери, меѓу кои се истакна и тогаш 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски.

Share.