Продолжува седницата за разрешувањето на Зврлевски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На денешната седница на Собранието (11 часот) на дневен ред е тазрешувањето на јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски. За оваа точка се пријавени повеќе од 90 пратеници.

Расправата за оваа точка опозицијата постојано се обидува да ја одложи. Пратнеиците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ формираа дури и 10 пратенички групи и со најава за постојани дискусии на шефовите на пратеничките групи и барања паузи само ја одложуваат расправата по оваа точка.

Претходно, пратениците на ВМРО- ДПМНЕ побараа измени во законот со кои опозицијата би имала право да го предлага новиот обвинител, а Собранието да го гласа со двотретинско, а не со просто мнозинство, како што е сега.

Владата поднесе предлог за разрешување на Зврлевски, што беше прифатен и од Советот на јавни обвинители.

„Предлогот за разрешување на Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија, пред истекот на мандатот, е поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во своето однесување и дејствување именуваниот покажа дека не е способен за извршување на функцијата, поради неподнесување барање за поведување кривична постапка за случаи предвидени со закон и поради нарушување на угледот на функцијата“, пишува во образложението на Советот на јавни обвинители кое го доставиле до Владата.

Share.